Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа гласно го постави прашањето од што и до кога ЕУ ќе ги моли да се воздржат? Најави одлучни и остри реакции при обид за провокации

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 7:18

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за “Танјуг” извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.

Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија.

Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода. Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во непосредна близина на хидроелектраната.

Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо изјави дека мисијата се уште нема информации за тоа дека припадници на РОСУ влегле во северниот дел на Косово, во близина на хидроелектраната Газивода.

Тој додаде дека е во тек проверка на информациите и оти се врши мониторинг на ситуацијата.

Доцна синоќа свое обраќање за јавноста и медиумите имаше претседателот Александар Вучиќ кој истакна.

Србија никогаш нема да ги остави своите граѓани сами. Србија бара одговор од ЕУ од што тоа да се воздржи и до кога да се воздржи? Србија моли да не се предизвикаат инциденти по што е подготвена да се брани. Србија ќе побара поддршка од Русија на средвата Вучиќ  – Путин за евентуална интервенција на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.