Билтен за изминатите 24 часа на Сообраќајната полиција за Град Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 10:46

Вчера во Скопје 12 сообраќајки повредени шест лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни несреќи во кои едно лице е потешко повредено а петмина се здобиле со лесни телесни повреди.

Во девет сообраќајки регистрирана е само материјална штета.

Шеесет и осум возачи се движеле со поголема брзина од дозволената 25 возачи биле исклучени од сообраќај и тоа шест поради управување возила под дејство на алкохол 17 возачи поради немање дозвола за управување моторно возило и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 14 возила и тоа 13 бидејќи не биле регистрирани и едно кое било технички неисправно.

Непрописно биле паркирани 109 возила а 53 биле подигнати од пајак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести