Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ направи СК Движење за Југославија а Мицкоски за жал е на добар пат да ја зацврсти таа идеологија.

Објавил: Весна Петровска | 18 јуни, 2019 20:23

Георгиевски жестоко удри по Мицкоски, па Мане Јаковлевски му го возврати ударот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Претседателот на ВМРО Народна партија Љупчо Георгиевски на социјалните мрежи напиша дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски , го наследил генот на Никола Груевски.
Љупчо Георгиевски, претседателот на ВМРО Народна партија, на Фејсбук профилот напиша дека фалсификатите на Груевски направија од Македонците карикатури во светски рамки. Тој напиша дека Мицкоски го наследил генот за фалсификување од својот претходник претседателот Никола Груевски.

За жал морам да кажам дека новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ господинот Мицкоски го наследил генот за фалсификување од својот претходник претседателот Никола Груевски.

Фалсификатите на господинот Груевски направија од Македонците карикатури во светски рамки. За неинформираните само да потсетам дека Драган Богдановски воопшто не беше во салата на 17 јуни а во целата кампања 90-та година се појави точно пет пати со по пет минути говор.
Мицкоски, Груевски и таквите како нив во раководството на ВМРО-ДПМНЕ се одроди од вмровската идеологија.
Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ направи СК Движење за Југославија а Мицкоски за жал е на добар пат да ја зацврсти таа идеологија.

По објавата на Љупчо Георгиевски, Мане Јанковлески му одговори на претседателот на ВМРО- Народна партија, еве што напиша.

 

– Го прочитав статусот на Љубчо Георгиевски посветен на делот за Драган Богдановски и Христијан Мицкоски. Жално е да се гледа како „војводата“ се пенави во улога на слуга на Заев, ова го пишува во својот статус на Фејсбук Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

И се знае дека тука суштината е преку груба и неоснована лага, да се додвори на Заев, и тоа врз невистина, врз информација која никогаш Мицкоски не ја изговори. А вистинското прашање е зошто Љубчо сега го напаѓа ВМРО, зошто лепи неосновани етикети на Мицкоски за некаков ген со неговиот претходник,а во исто време е на страната на Заев, во стилот на некој дволичен инфорбировец. Одговорот упатените велат лежи во лукративноста на авторот, но за мене она што е уште попоразително е во исто време да се седи во скутот на Заев и да се говори за историјата на ВМРО-ДПМНЕ! Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна, тогаш сеуште ЈУ исправа.

И, ако таткото на детето не бил во болницата кога се породило, сепак е татко, нели?

ПОКОЕН ДРАГАН БОГДАНОВСКИ е ИНИЦИЈАТОРОТ И ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

П.С Немој барем ти да говориш за улогата на Драган Богдановски кој ниту сега ниту за сто години нема да можеш да се доближиш ниту до неговата сенка, а не пак повеќе. Драган се декларираше за Македонец, и беше Македонец, од глава до пети, и даде се за нашата партија и кауза. Љубчо не може да се пофали со тоа.

Бог да го прости и Вечна му слава на Идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски, стои во неговиот пост на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.