Јавноста со осуди и краток коментар "Во Кемниц веќе не се живее"

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 11:35

Германија: Насилни судири меѓу екстремната десница и левичарските демонстранти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку шест лица беа повредени синоќа при судир меѓу крајнодесничарски и левичарските демонстранти во источногерманскиот град Кемниц, по убиство со расистичка позадина.

Две лица настрадале од предметите кои ги фрлаа двете страни. Четворица учесници во екстремно десничарскиот протест беа повредени во напад додека си заминувале од демонстрациите.

Смртта на 35-годишен Германец, избоден со нож од страна на мигранти во неделата, предизвика дводневни насилни протести.

Во врска со убиството, пред судот во Кемниц се појавија 23-годишен Сириец, и 22-годишен Ирачанец. Двајцата се во притвор. Обвинителите велат дека тие ја нападнале жртвата без причина. Уште две лица беа сериозно повредени во нападот.

Во синоќешните протести учествуваа 2.000 крајнодесничарски и околу 1.000 учесници на контра-протестите, а полицијата вложува напори да спречи судири меѓу двете групи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.