Како вовед во избори во груевистички стил. Ќе биде тоа уште една фатална грешка во проценките на Зоран Заев.

Објавил: Перо Милчин | 27 октомври, 2019 15:14

ГЕРОСКИ: Веќе сме сведоци на почеток на една црна кампања – како вовед во избори во груевистички стил!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Да, ова е тоа што може да се очекува… СДСМ ќе се обиде да се спушти на ниво на најниските страсти на луѓето (што нема да биде особено тешко), пишува на социјалните мрежи новинарот Бранко Геровски.

Веќе сме сведоци на почеток на една црна кампања. Се подготвува и жесток притисок врз јавната администрација и врз критички настроените медиуми и новинари. Како вовед во избори во груевистички стил.

Ќе биде тоа уште една фатална грешка во проценките на Зоран Заев. Уште едно големо разочарување ако тргне по тој опасен крив пат, ама не сака да разбере и тоа е, реагираше Героски за вчерашната гестикулација која премиерот Заев ја покажа за премиерот Мицкоски.

Со премногу непристојна гестигулација премиерот Зоран Заев на вчерашната трибина во Прилеп покажа дека неговиот политички противник лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да дојде на власт.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Ззаев на лидерот на ВМРО ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека ќе дојде на власт по завршувањето на предвремените парламентарни избори во април наредната година.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и по 12 април остануваат во опозиција. Неправдата врз Македонскиот народ на последниот самит на ЕУ го осуди светот,само Мицкоски со неговите соработници се радуваа на ветото од Макрон, истакна премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина во Прилеп.
На средбата со Прилепчани на која присуствуваше скоро половина влада, премиерот Зоран Заев најави и ново дополнително зголемување на минимална плата за идната година и раст на БДП од 4 насто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.