Кривичната пријава била поднесена пред десетина дена, преку МВР до Основното јавно обвинителство, по стандардната процедура.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 јули, 2019 11:24

ГОВОР НА ОМРАЗА: ТВ Канал 5 со писмени докази поднесе кривична пријава против Саше Политико!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Телевизијата Канал 5 поднела кривична пријава против Саше Ивановски наречен Политико, за сторено кривично дел говор на и од омраза, дознава плус инфо.

Кривичната пријава била поднесена пред десетина дена, преку МВР до Основното јавно обвинителство, по стандардната процедура, но се уште се чека реакција на Обвинителството.

Пријавата била поткрепена со многубројни писмени докази, од кои се гледа како Ивановски, на својот портал Мактел, брутално и со омраза говори за телевизијата и за новинарите во неа.

Телевизијата Канал 5 поднела кривична пријава против Саше Ивановски наречен Политико, за сторено кривично дел говор на и од омраза.

Пред неколку месеци Саше Ивановски, познат како Саше Политико и неговата сопруга М.Л.И. пријавиле инцидент во полиција.

И двата сопружника тврделе дека другиот сопружник се обидува да ги убие со нож. Околу 11 часот пред полноќ, Саше Ивановски ја известил полицијата дека неговата сопруга го нападнала со нож.

Неколку часа подоцна неговата сопруга пријавила дека новинарот ја нападнал со нож, а таа беше и задржана неколку часа на испитување на Клиниката за трауматологија и ортопедија. Овој настан тогаш го потврди и МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.