Но интересно е тоа што годинава на овој марш се пријавија и три жени кои беа избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2019 14:43

Годинава три девојки се придружија на коњаниците на Илинденскиот марш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото независен.мк

Во  пресрет на големиот македонски празник „Илинден“ започнува коњичкиот илинденски марш, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“. Коњичкиот марш како и секоја година стартува од Општина Аеродром, каде на коњаниците ќе им биде предадено општинското знаме, а крајната дестинација е Крушево, каде треба да стасаат  на 2 август.

 

Но интересно е тоа што годинава на овој марш се пријавија и три жени кои беа избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш.

Целта на учеството на овој марш, како што велат за порталот Фактор, трите девојки е да им оддадат почит на хероите.

Драгана Каловска веќе трета година по ред учествува на Коњичкиот марш, Елена Мишева втора година, а годинава за прв пат ќе им се приклучи и 17 годишната Maрија Стамболиска. 

Од Општината, коњаниците придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игрaорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината, соопшти денеска Општина Аеродром.

Коњичкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Целата строрија прочитајте ја на Фактор.мк

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.