Атлетико Мадрид е освојувач на овогодинешниот Суперкуп на УЕФА и тоа откако вечерва во Талин со 4:2 го совлада лутиот градски ривал Реал Мадрид.
Атлетико Мадрид излезе како победник по продолженијата или поточно славеше со 4-2 и по трет пат во историјата го освои овој трофеј (2010, 2012 и 2018).
Двете екипи одиграа квалитетен и возбудлив натпревар во кој на крајот подобро се снајдоа „колчонеросите“.
Во регуларниот дел резултатот беше 2-2, Коста стрелаше два пати во 1 (најбрз гол во ова натпреваруавње) и 79 минута, додека пак Бензема и Рамос погодија за „кралевите“. По ова се замина во продолженијата, а веќе во првото Атлетико два пати го матираше голманот Навас.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.