Лутите градски ривали, Реал и Атлетико од Мадрид подготвени се за пресметката во Супер купот на Европа, кој оваа година ќе се одигра естонскиот град Талин.
Реал и Атлетико обезбедија место во Супер купот по освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони, односно Лигата на Европа.
Тренерот на Реал имаше само пофални зборови за ривалот.
Атлетико е многу голем тим, воден на извонреден начин. Тие играат одлично во важните натпревари и ќе треба да им се спротивставиме. Очекувам меч, во кој двата тима ќе играат на границите на своите можности и ќе треба да го покажат најдоброто од себе, изјави тренерот на „кралевите“, Хулен Лопетеги кој ќе има официјално деби на клупата.
Од друга страна пак Диего Симеоне очекува натпревар на кој што се е можно.
Се игра еден меч во кој се е можно. Ние не остапуваме од нашата игра, бидејќи Франција со нашиот стил го освои златниот медал на Светското првенство во Русија. Тренерот и играчите на Реал ќе бидат мотивирани, затоа што почнуваат нова сезона со големи промени, потенцираше Диего Симеоне.
Терминот на натпреварот од Супер купот е од 21.00 часот и се очекува вистински спектакл, бидејќе ќе играат два гиганти за кој слободно може да се каже дека владеат со теренот.
Инаку, натпреварот од Супер купот минатата година се играше во Скопје на „Филип Втори“ арената. Тогаш Реал Мадрид со резултат 2-1 го совлада Манчестер Јунајтед на Жозе Мурињо.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.