На подрачјето се оштетени и овошни насади и повеќе пчелни сандаци, а постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 август, 2019 20:11

ГОРИ НА ПАДИНИТЕ НА ОСОГОВО: Голем шумски пожар – затворен патот кон Пониква!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Попладнево избувна голем шумски пожар на падините на Осоговските планини, во близина на селото Лешки.

Силниот оган бил забележан денес околу 16 часот над селото Бели и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири на поголема површина нискостеблеста шума, а веќе зафати и борова шума на околу петнаесетина хектари.

Во пожарот се оштетени овошни насади и повеќе пчелни сандаци, а постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина пишува Скопје 24.

На терен се излезени сите екипи и возила на Територијалната противпожарна единица од Кочани кои интервенираат во гаснењето на огнената стихија, а поддршка имаат од вработени и механизација на комуналното претпријатие „Водовод“, од шумското стопанство „Осогово“, од Дирекцијата за заштита и спасување и од други институции.

По тешкотија во локализирањето на пожарот е непристапноста на теренот и ветерот што се засилува, поради што екипите кои интервенираат ќе останат и во текот на ноќта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.