Членови на семејството на Флојд пристигнаа на комеморацијата, а група луѓе се собраа пред северниот централен универзитет за да оддадат почит.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2020 11:19

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА МИНЕАПОЛИС СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ ПАДНА НА КОЛЕНА ПРЕД КОВЧЕГОТ НА ФЛОЈД: Не можеше да ги сокрие емоциите!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, клекна и плачеше покрај ковчегот на Џорџ Флојд на почетокот на комеморацијата на Афроамериканецот, кој почина откако полициски службеник клекна на вратот скоро девет минути за време на апсењето.

Веќе десет дена продолжуваат протестите во САД, поради бруталното убиство на Флојд…

Членови на семејството на Флојд пристигнаа на комеморацијата, а група луѓе се собраа пред северниот централен универзитет за да оддадат почит.

Телото на Џорџ Флојд лежи во златен ковчег опкружен со цвеќиња, а покрај неговиот портрет, позади присутните беше поставен мурал со негов лик.

Илјадници луѓе се собраа вчера во Минеаполис на комеморативен собир, а присуствуваа и голем број на познати личности.

Илјадници луѓе се собраа вчера во Минеаполис на комеморацијата за Џорџ Флојд, црнец, чие брутално апсење предизвика бранови демонстрации ширејќи се низ цела Америка, и покрај пандемијата на корона вирус и кампањата за претседателски избори.

 

„Видов Американци од различни раси и возрасти, рамо до рамо, маршираа и го креваа својот глас заедно“, рече Уважениот Ал Шарптон, ТВ коментатор и активист за граѓански права, кој ја водеше молитвата.

Тој го пофали единството на демонстрантите против полициската бруталност.

Протестите низ Соединетите држави, и покрај полицискиот час, продолжуваат веќе деветта вечер по ред, а некои се претворија во насилство, па претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја испрати армијата на улиците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.