Јавниот повик трае заклучно со 30 ноември, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со буџетот на Град Скопје за годинава.

Објавил: Перо Милчин | 26 февруари, 2019 15:53

Град Скопје нуди субвенции од 1000 денари, да си ги очистите оџаците во домаќинствата

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Продолжува акцијата за доделување на субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Оваа година Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на домаќинства, за чистење оџаци.

Градот Скопје со овој повик за сите домаќинства, ќе ги надомести дел од трошоците на домаќинства за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат само лица, кои живеат на подрачјето на Град Скопје.

Овој повик до граѓаните трае заклучно со 30 ноември, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со буџетот на Град Скопје за годинава.
Целта на општината со овој проект е да се намали големата загаденост на воздухот во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5).

Големиот дел од загадувањето го прават честичките, кои за затоплувањето на објектите не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво во домаќинствата, не добриот квалитет на дрвото и начинот на негово чување ,а исто така и дотраените и технички неисправни печки и нередовно чистење на оџаците.

Во изминатиот период Скопје беше еден од најзагадените градови во Европа, а градскиот татко рече дека бројките од само десетина инспектори за животна средина на територијата на Град Скопје и само осум оџачари – се недоволни, а најави и најавува нов концепт за градскиот сообраќај кој „задоволува потреби на скопјаните од 1984 година“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.