Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, износ што го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики.

Објавил: Владо Марин | 2 ноември, 2020 15:35

ГРАД СКОПЈЕ СО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗМИР, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Советот на Град Скопје на денешната 9-та вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Измир, во кој животот го загубија повеќе од 60, а повредени се околу 900 лица.

Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, износ што го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики.

Градоначалникот Шилегов на седницата изјави дека Скопје знае што значи солидарноста во време на природни катастрофи и затоа потребата да се помогне на нашите пријатели во неволја е нужна и неминовна.

Тој, до градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, упати длабоко сочувство за настраданите и му пожела брзо санирање на штетите и враќање на животот во нормала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...