Реакции на македонската јавност по објавените тендери и набавки на Владата и Град Скопје за цвеќе и кафе во вредност од над 800.000 евра

Објавил: Мартин Попоски | 24 август, 2018 14:06

Граѓаните оставија кафе пред Владата и Град Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Граѓаните гневни што Владата на Македонија и Град Скопје трошат десетици илјади евра за набавки на кафе денес пред вратите од Владата и службите на Град Скопје им оставија кафе на институциите на држават и локалната самоуправа само да ги поништат штетните тендери.

Владата на Македонија и Град Скопје за три дена објавија тендери за набавка на цвеќе и кафе во вредност од скоро 800.000 евра.

Имено во еден ден вчера беа објавени два тендери за набавка на кафе. 

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на кафе еспресо – филтер – кафе и капучино во вредност од 2.700.000 денари или 45.000 евра.

Во истиот момент и на официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Град Скопје и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на разни видови кафе со вредност на договорот од 648.169 денари или нешто на 10 илјади евра.

Ова следи откако Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија неодамна распиша тендер и за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа.

Владата за набавка на цвеќиња планира да потроши 41 милион денари односно околу 670 илјади евра.

Информации од Град Скопје говорат дека ова им е втора набавка на кафе за оваа година. Со првата сумата ја надминува границата до 25.000 евра. 

Ваквото работење на власта на СДСМ и ДУИ наиде на остри реакци кај македонската јавност особено по смртта на млад пациент за кој ФЗОМ не сакал да прифати поскапа понуда за лекување во Германија туку ја прифатил поефтината варијанта иако цената изнесувала 200.000 евра.

Со ова Владата на Македонија и Град Скопје за три дена ќе потрошат пари колку за четири човечки живото за кои немаат па јавноста е приморана на хуманитарни и доброволни акции да “питачи” и дели од сопствената мизерија само да им помогне на немоќните.

Тендерите за кафе и цвеќина не се повлечени а одговорност или оставка за скандалот со смртта на младата пациентка негираат и министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ФЗОМ Ден Дончев кои имаат само сочувство кој загубата на уште еден млад живот за сметка на ваквиот начин на работење на власта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.