– ДУИ целосно го поддржува владеењето на правото без партиски, политички, етнички и какви било други влијанија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 февруари, 2019 18:38

Груби : „Вчера кон Џафери пратениците фрлаа пенкала и кажуваа пцовки„

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби денеска на прес-конференција во Собранието ја искажа одговорноста, за не изгласувањето на одлуката за симнување на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.

Артан Груби организациониот секретар на ДУИ, изјави дека неговата партија го поддржува владеењето на правото без партиски, политички, етнички и какви било други влијанија.

Тој рече дека на синоќешната седница во определеното време сите пратеници на ДУИ беа присутни на седницата од претседателот Ахмети до болниот пратеник Агим Шаќири за да се гласа за одземање на имунитетот. Кажа дека пратениците не можеле да се воздржат од нафрлувања и големи навреди кон претседателот на собранието, баш во тој момент кога се гласаше.

Груби изјави дека по носењето крупни одлуки како промена на името и заокружувањето на Охридскиот договор, владеачката коалиција ќе продолжи да функционира и дека заедно ќе ги направат реформите за да се добие датум за почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

За жал, на седницата пратениците не можеа да се воздржат од дофрлувања и навреди кон претседателот на Собранието во моментот на гласање.

Ништо од тоа што се случи, немаше да се случи, доколку претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја ставеше одлуката на гласање во 23 часот како што бевме претходно договорени, доколку тој не се договараше со ВМРО-ДПМНЕ, исклучувајќи ја ДУИ и да ја стави во заеднички договор со нив одлуката за гласање во 21 часот, без да не информира и без да не почека, истакна Груби.

Немаше ништо да се случи, доколку дел од пратениците не станаа и со навредливи зборови, пцовки и фрлаа пенкала кон спикерот Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...