Власта во очај да го најде "виновникот" за бегството на Груевски, посочи на поседувањето бугарски пасош, бугарското министерство за правда со една реченица ги демантираше

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 9:53

Груевски нема бугарски пасош, ни легален ни купен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата во обидот да го прикрие процесот на бегство на поранешниот премиер на Македонија, влегува од замка во замка, дека сепак, целиот процес бил реализиран со нејзино знаење.

Последните обиди да се дискредитира процесот како е можно човек без патна исправа да влезе во Европска Унија, власта го посочи со поседувањето на бугарски пасош до страна на поранешниот премиер Груевски.

На ова, кратко добија одговор од комисијата поврзана со прашањата за азил на Унгарија:

Проверете со бугарските власти. – бил одговорот на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на „Непшава“ го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Откако во медиумите се појавија шпекулации, пласирани од македондката влада дека Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош, од Министерството за правда на Бугарија кратко соопштија:

 Поранешниот македонски премиер Никола Груевски не е бугарски граѓанин и нема бугарски пасош. 

Со ова паѓаат во вода тезите дека Груевски патувал со странска патна исправа а се повеќе се потврдуваат шпекулациите дека неговото бегство сепак е организирано со знаење на премиерот Заев и министерот Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.