Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прашува дали МВР е целосно неспособно за да ги открие странските служби кои го следат Пендаровски?

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 март, 2019 19:10

Дали странските сужби кои го следат Пендаровски се само алиби поради страв од пораз?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Веќе три дена поминаа а од МВР се уште нема ни трага ни глас, дали навистина Стево Пендаровски го следат странски служби како што изјави тој.

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, прашува дали МВР е целосно неспособно за да ги открие странските служби или пак МВР е во соработка со странските служби кои наводно го следат Стево Пендаровски? Стиолковски додава дека очигледно се работи за алиби на Пендаровски кој се плаши од поразот што го чека или пак СДСМ се обидува да најде причина за следење на опозицијата.

-Оливер Спасовски кој што е на чело на МВР нема се уште одговор, дали државата е безбедна? Чии се тие странски служби и за кои цели следат и фотографираат? Безбедни ли се кандидатите? вели Наум Стоилковски и додава дека со ова „Стево Пендаровски веќе најави свој втор пораз и обвини странски служби како алиби!

Инаку по изјавата на Пендаровски дека го следат странски служби,  Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски одговори дека МВР работи на случајот! , за потоа Оливер Спасовски да изјави дека Пендаровски воопшто не пријавил следење, со што го негираше и Кирацовски и Пендаровски дека МВР постапува по случајот!“.

Стоилковски  потенцира дека се работи за уште едно од серијата несериозни однесувања на власта со кои во прашање се доведува чувството за безбедност во државата.

Правото и правдата победуваат, Гордана Силјановска Давкова е нов претседател за Честита Македонија, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.