Дамовски кој е еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, на фејсбук ја коментира скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев која ја даде синоќа на 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 август, 2019 10:54

Дамовски: Спомна суетен, спомна педер, а ја заборави – дебелата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По низата коментари од јавноста за скандалозната изјава на премиерот Заев, се огласи и македонскиот режисер Борис Дамовски.

Дамовски кој е еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, на фејсбук ја коментира скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев која ја даде синоќа на 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

„Спомна суетен, спомна педер, а ја забораи, да ми прости гурманската заедница – дебелата“, напиша Дамовски.

За потсетување, станува збор за скандалозната изјава коај ја даде премиерот Заев пред два дена.

Шпекулациите со кои се обидува некој да ме инволвира, уште еднаш ќе кажам – Јас сум Зоран Заев. Дојдов благодарение на гласовите на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, за правна држава, за владеење на правото, за нормална држава. Јас сум борец човек и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.