Режисерот Дамовски, со реакции на социјалните мрежи, во кратка констатација што смета дека треба да добие за обвинувањето, а не што нуди Зоран Заев од позиција на премиер

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 14:45

Дамовски до Заев: Правда, не амнестија!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Режисерот Дамовски, воедно и еден од учесниците и на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”, осомничен за “терористичко здружување” со коментар за говорот на Заев.

Правда, не амнестија!” – е кусиот коментар на Борис Дамовски, еден од обвинетите за настаните од 27 април, по изјавата на Зоран Заев со која понуди амнестија за случувањата во замена за гласање на пратеницте од ВМРО – ДПМНЕ за уставните измени.

По месеци лажење на македонската јавност од страна на сите челници на СДСМ, и од нивните новинарски пера, по месеци исполнети со соопштенија од централата дека ВМРО – ДПМНЕ не го интересира ништо друго освен амнестија за “криминалите и насилствата” и по стотици јавни изјави од СДСМ дека такво нешто нема да се случи зашто тие биле за правна држава, сега јавно, од собраниската говорница, претседателот на Владата на Македонија и претседател на СДСМ моли амнестијата да биде прифатена?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.