Професорот Љубомир Цуцуловски на својот фејсбук профил изјави дека нема да оди на гласање бидејќи се е отидено на опаку во политиката

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 11 март, 2020 9:39

Професорот Цуцуловски разочаран: Се е наопаку во политиката

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорот Цуцуловски се огласи на својот личен фејсбук профил каде што изрази разочарување за политичката состојба во Македонија. Тоа негово разочарување оди дотаму што тој најавува дека нема да гласа на престојните избори бидејќи нема за кого и се е наопаку. 

Двете политички партии вчера ги објавија избирачките листи, а тоа беше повод за нивно меѓусебно препукување. Професорот Цуцуловски изјави дека погрешен е пристапот на кој политичките партии коментираат и комуницираат меѓу себе. Од таа разочараност најави дека нема да гласа за ниту едната, ниту другата.

Ова реакција на Цуцуловски доаѓа по комплетирањето и утврдувањето на избирачките листи од стана прво на СДСМ пред два дена, а потем и од ВМРО-ДПМНЕ вчера. При објавување на избирачките листи, политичките партии видо прилика за партиско препукување и укажување на тоа дека спротивните имале несоодветни и корумпирани кандидати. Според Цуцуловски ваквиот пристап е сосема погрешен бидејќи користењето на таква критика ја умалува контраикторноста на изборот на спротивните. Според него најдобро би било доколку се тера сеир и се остави гласачот со својот разум и увид да одлучи за која пратеничка листа ќе гласа. 

 

Еве што напиша професорот Цуцуловски на својот фејсбук профил: 

СЀ Е НАОПАКУ. Двете најголеми партии (СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ) ја предупредуваат јавноста дека противничката партија излегува со избирачки листи на кои се наоѓаат, како што сметаат, компромитирани личности. Наместо да се радуваат/сеират на тој факт – бидејќи колку се полоши кандидатите на противникот, толку повеќе се зголемуваат сопствените шанси – тие критикуваат и негодуваат. Накусо, сѐ е наопаку, освен она што не е наопаку. Потоа, оди и гласај.
Сешто!

Инаку Љубомир Цуцуловски е роден во Битола на 1 септември 1948 и е значаен македонски филозоф, писател, есеист и теоретичар.[1][2] Тој е професор на Филозофскиот факултет – Скопје и е автор на повеќе книги и стручни публикации. Во периодот од 1999 до 2005 година бил раководител на Институтот за филозофија. Во периодот 1993-1994 бил член на управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.[3] Во 2000 година бил избран е за Претседател на Универзитетскиот сенат на „Св. Кирил и Методиј“.

Во последните неколку години често може да се сретне во јавноста во својство на експерт и коментатор на актуелни општествени и политички теми. Неговиот суд важи за објективен, независен и аргументативно издржан. Љубомир Цуцуловски важи за човек со интегритет и завидна општествена репутација. Неговите коментари и колумни се издржани и оригинални, некогаш се буквални, а некогаш користи алегорија, анегдоти и други стилски фигури со цел опишување на сопственото видување околу актуелна ситуација. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...