Академик Катица Кулафкова своето несогласување со актуелната власт го започна со т.н. Закон за употреба на јазиците, кој кулминираше со постигнувањето на Преспанскиот договор

Објавил: Мартин Попоски | 18 ноември, 2018 7:25

Безгранична е моќта на ограничениот ум кој има неограничена власт.

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Академик Катица Ќулафкова со катаклизмичен коментар за тоа што и се случува на Македонија, иако изостави да ја запише и адресата на која го упатила.

Имено академикот кој чести ги менуваше ставовите по однос на националните прашања, иако политиката и не и е струка, последната година е гласен критичар на власта.

Ќулафкова искоментира:

Безгранична е моќта на ограничениот ум кој има неограничена власт. За една година ќе го сруши она што е градено со векови.

Некогаш неоформената национална свест, денес е деформирана и поткопана, за жал. Не само од пропагандите од надвор, туку и од внатре.

Академикот не прецизира на кого се однесува нејзината забелешка но логично е дека се однесува на власта на премиерот Заев кој што со сите сили и покрај неуставноста со помош на своите западни партнери се обидува да го смени името и да го загрози идентитетот на Македонците граден со векови од стотици генерации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести