сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Според него вториот бран нема да биде многу изразен како сега.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2020 21:34

Даниловски: На есен вирусот ќе го има во вид на мали мини епидемиски случувања!

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

„Мислам дека сега ова што ни се случува како втора грба на двогрба камила сепак е дел од една иста епизода, од оваа почетнава. Ја би рекол еден епидемиски бран кој што е во два дела. Ова второво е пак ќе речам врз основа на несреќни околности. И практично е дел од истиот напад, од истиот поход на вирусот“, појасни Даниловски.

Даниловски во врска со епидемиолошкиот бран на есен истакна…

– „Што се однесува до оние сите нагаѓања, дали на есен ќе има втор бран или ќе нема да има, има неколку теории. Има некои кои што застапуваат теорија од некои стручњаци дека втор бран ќе има и дека дури ќе биде посилен, тоа е една теорија. А, втора теорија е дека воопшто нема да има уште еден бран. Дека се ќе заврши можеби таму некаде на лето, во јули месец. И трета опција или трета теорија е дека ќе остане вирусот да циркулира како ендемско заболување во сите земји во светот. И дека ќе се јавува од време на време, сезонски. Исто онака како што се јавува грипот, како што се јавуваат настинките. Или со други зборови тоа што на есен би го нарекле втор бран тоа би требало да биде нешто што ќе биде само зголемен број на случаи и тоа не генерално на цела територија на државата туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат“.

Даниловски додаде дека последната варијанта односно третата е повеќе веројатна за да се случи на есен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.