Овој пат српскиот министер за надворешни работи ,Дачиќ, ги забавуваше гостите во Паралија, кој се собраа по повод свеченото отворање на канцеларијата на Единствена Србија во тој грчки град.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 мај, 2019 19:00

Дачиќ ја отпеа познатата грчка песна, па од радост скрши чинија: Ивица приреди лумперај во Паралија(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, лумпуваше и повторно ги забавуваше гостите и ги почести со своето пеење.

Овој пат српскиот министер за надворешни работи ,Дачиќ, ги забавуваше гостите во Паралија, кој се собраа по повод свеченото отворање на канцеларијата на Единствена Србија во тој грчки град.

Министерот за надворешни работи на Србија,приреди незаборавна забава и пеејќи скрши чинија од радост

На свечената вечера која ја организираше претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, за околу 1.200 бизнисмени, Дачиќ за грчките пријатели реши да ја испее  познатата грчка песна „Не се лути на мене око мое”, а потоа продолжи со „Пукни зоро” и „Муштулук”.

На крајот министерот скрши чинија, по грчките обичаи. На свеченоста Дачиќ направи незаборавна атмосфера, и сите присутни играа и пееа со него.

На свеченото отворање на канцеларијата на на Единствена Србија беше присутен и неговиот син Лука.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.