Имено станува збор за двегодишно девојче кое е во болница откако во градинка испила средство за дезинфекција „асепсол“, кое било во шише со етикета за вода.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2019 10:35

Двегодишно девојче заврши на интензивна, испило средство за чистење во градинка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голема несреќа ја потресе Србија откако мало девојче било примено во болница поради тоа што испило средство за дезинфекција.

Имено станува збор за двегодишно девојче кое е во болница откако во градинка испила средство за дезинфекција „асепсол“, кое било во шише со етикета за вода.

Несреќата се случила во градинката „Наша радост“ во Рача, Србија.

Двегодишното девојче заврши на интензивна откако испило средство за дезинфекција во грдинка.

Неверојатно е тоа што воспитувачката не знаела што има во шишето, па му дала на девојчето да се напие од шишето во кое верувала дека има вода.

Тоа се напило малку, по што почнало да повраќа, по што била повикана нејзината мајка. Таа ја одвела во локалниот Дом за здравје, од каде веднаш ги препратиле во болницата во Крагуевац.

Откако девојчето почнало да повраќа, на воспитувачката и станало јасно дека нешто не е во ред,  и веднаш ја контактирала мајаката.

Во моментот девојчето се наоѓа на интензивна нега, но за среќа не е во животозагрозувачка состојба, благодарение на брзата реакција на докторите.

„Асперол“ може да биде фатален доколку се испие поголема количина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.