Премиерот Заев, уште еднаш потврди дека уставните измени немаат поддршка од пратениците, но со Ципрас се решени да го имплементираат Договорот од Преспа

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 6:44

Двотретинско мнозинство нема, имам само надеж

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Не губам надеж дека ќе се најдат сили за љубов кон татковината да обезбедиме двотретинско мнозинство во Парламентот за уставните измени, изјави премиерот Зоран Заев.

Јас верувам. Јас сум верник човек. Некогаш и чуда се случуваат. Гледате, транспарентни сме до крај. Дебатата е отворена, навистина прифативме многу иницијативи коишто дојдоа од пратениците. Но еве, она во што јас верувам до утре, секако, е дека ќе се најдат сили, ќе се изнедри енергија, ќе се собере храброст, ќе се сплоти одговорност, за да се добие минимум двотретинско мнозинство, и да се даде пас на отпочнување на постапката за уставните промени“. – изјави Заев.

Заев рече дека телефонски разговарал со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, и рече дека и двајцата остануваат посветени на спроведување на договорот од Преспа.

Тој ме информираше за случувањата во Грција, но рече дека целосно останува посветен, дека ја презема дури и позицијата министер за надворешни работи, со цел да се реализира договорот од Преспа. Јас сум среќен поради целосната посветеност на Република Грција на овој договор, можам да ја потврдам и целосната наша посветеност. Не губам надеж дека утре Парламентот ќе најде сили, ќе се одважат и ќе се охрабрат пратениците коишто пред се се претставници на граѓаните, а по тоа на политичките партии“. – рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.