Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 16:54

Денеска навршуваат 19 години од уривањето на кулите близначки во Њујорк

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден пред точно 19 години, во терористички напад од членови на Ал Каеда, беа урнати кулите близначки во Њујорк. На овој ден американците традиционално ја одбележуваат годишнината од нападот со читање на имињата на загинатите и оддавање почит со светлење на местото каде што беа уништени „Кулите близначки“.

Докази дека кулите се демолирани со контролирана експлозија и дека зад терористичките напади стојат кртови во самата влада и во службите на ЦИА, како и во кабинеот на претседателот Буш, секојдневно се зголемуваат. Како еден од главните стратези на оваа завера се наведува потпретседателот на САД, Дик Чејни. Покрај тоа, за нападот исто така се обвинува и Израел, зошто целата надворешна политика на САД веќе одамна е во рацете на ционистите и нивните лобија. Така во својата книга Др. Алберт Пастор ги изнесува најмонструозните оптужби на сметка на ционистите. Тој се повикува на анализата на моќните ционистички кланови (кои ги водат воглавно евреи) а чии прсти допираат дури до Пентагон, ЦИА, ФБИ. Овој клан веќе стотина години ја има во раце централната американска банка (Федералните резерви). Нивната политичка тактика по др.Пасторе се заснива на начелото на прикриено војување, по пат на превара. Крајната цел освен финансиска секако е и предизвикување на тотална конфузија и хаос, па во таква глобална конфузија би се формирал Нов Светски Поредок – под нивна апсолутна контрола. А идејата за Нов Светски Поредок во една прилика ја истакна и самиот претседател Џорџ Буш сениор.

Се оддава и шестминутен молк во знак на почит. Четири од тие шест минути ги симболизираат точните времиња кога четирите киднапирани авиони ги погодија „кулите близначки“, Пентагон и Пенсилванија, а преостанатите две претставуваат моментите кога се распаднаа северната и јужната кула на Светскиот трговски центар.

Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда. Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.

Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди УСД, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилиони долари.

Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против теророт. Во рамките на оваа војна, преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот – како Авганистан и Ирак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.