Не доволна физичка активност и недоволни активности кај децата, доведуваат до проблеми со рбетниот столб кај децата.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2018 16:17

Деформации на ’рбетот и слаб вид кај првачињата забележуваат лекарите во Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

При систематските прегледи на првачињата, лекарите забележале дека речиси кај секое трето дете се забележува пречка во разликување на буквите од далечина како и проблеми со ’рбетен столб e нестабилнo држење на телото.

Меѓу главните причини за проблемите со ’рбетниот столб, докторката Стојановска го споменува недостатокот на физичка активност дома, слабо раздвижување во слободните активности, и во школо, како и тешките училишни ранци кои децата го носат секој ден.

Тешките училишни ранци кои децата го носат секој ден на училиште, една од причините за проблемите со рбетниот столб.

Од наставниците бара секој ден во училница да се направат основните вежби за правилно држење на телото,меѓутоа ќе биде многу тешко да се исполни овој предлог.

Додека за ослабениот вид кај првачињата, како главен виновник се посочуваат таблетите и мобилните телефони.

Од поликлиниката Чаир потсетуваат дека освен гореспоменатите проблеми, секој ден расте бројот на ученици со дебелина, почнувајќи од прво до деветто одделение. Во повеќето случаи ова се должи на несоодветна и нездрава храна и прекумерна употреба на газирани пијалаци.

Да се потсетиме дека рбетниот столб е основ скелет на рбетниците кој се состои од ‘рскавични или коскени прешлени. Кај човекот тој е изграден од 32-34 прешлени (7 вратни, 12 градни, 5 карлични, 5 крсни и 3-5 опашни).

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...