Дехари пред етнички чистиот состав на домаќините, на ЕУ и НАТО неутрална Швајцарија им појасни кои поволности ќе ги имаат иселениците со ЕУ и НАТО интеграциите на Северна

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 14:29

Дехари со отчетот за сработеното пред своите во Швајцарија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, синоќа во Швајцарија се сретна со претседателот на Здружението „Кичево”, Гафур Шербет, како и со кичевци кои живеат и се на привремена работа во ова земја.

Трагикомично беше што Дехари прво се обрати пред етнички чист состав на иселениците, што не им објасни дека по новиот Устав тие нема да постојат како таква категорија и што за лица кои живеат во неутрална Швајцарија им држеше предавање за бенефициите од ЕУ и НАТО интеграциите.

Поранешниот ОНА командант, Дехари пред присутните кажа дека поголемиот број проекти што беа предвидени се завршени или се при крај и ќе се сработат во првата година од неговиот втор мандат, а се однесуваат на инфраструктурата.

Не случајно оваа посета ја остварувам на годишнината од мојот втор мандат меѓу вас драги мои кичевци, бидеќи вие и покрај тоа што живеете и работите во оваа земја јас сум убеден дека со срце и душа сте во Кичево, во вашите родни огништа. – рече Дехари.

Тој пред присутните изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи заедно со соработниците да работи за подобрување на условите за живеење во Кичево.

Ве поканувам да дојдете и да инвестирате во родниот крај. Во Кичево веќе имаме две слободни економски зони со потребна инфраструктура која нуди идеални услови да отворите свои бизниси или да ги проширите тие што веќе ги имате отворено, особено сега кога земјата е многу блиску до зачленување во НАТО алијансата и набрзо ќе започнат и преговорите за зачленување во ЕУ. Јас сум убеден дека ова сега е убава можност за да се инвестира во родниот крај , ние како општинска администрација сме подготвени да помогнеме во подготовка на потрбната документација за да ви ја олесниме процедурата. – рече меѓу другото Дехари.

Синоќа беше одржана и културно уметничка програма на која настапија децата на кичевци кои се родени таму, а со љубов ги негуваат културните традиции и обичаи од своите предци. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.