Дивеење во македонскиот Ерусалим

Објавил: Узунов Бобан | 12 јули, 2019 13:36

Дивоградбата на Нефи Усеини стана пицерија “Луна”, власта немоќна пред првиот човек на ДУИ во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин

Дивоградбата, летната тераса кај Чинарот во заштитената зона на стариот дел на Охрид, од вчера стана пицерија „Луна” во сопственост на општинскиот советник од ДУИ Нефи Усеини. 

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, заедно со советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, ја пресече црвената лента, со што го свечено ја отворија пицеријата кај Чинарот.
 
Објектот започна да се гради во март годинава, на отворањето присуствувале повеќе јавни личности од политичкиот живот во државата. Откако беше пресечена лентата, следеше громогласен огномет кој траеше 10 минути.

Објектот е дивоградба, изграден е на државно земјиште без дозвола, има решение за уривање. Од март, кога почна поставувањето на оваа летна тераса, довршувањето на овој објект никој не го спречи.

Има решенија, има записници, градоначалникот Константин Герогиевски вели дека знае дека е дивоградба, ама немаат фирма што би уривала вакви објекти. Пицеријата почна да работи. УНЕСКО даде рок до февруари да се спроведат сите нивни препораки за заштита на културното и природно наследство на Охрид.

Советникот Усеини гради и бетонска база на брегот на Охридското Езеро, на стариот пат Охрид-Струга. Без дозвола. И без никаква интервенција на надлежните органи. 

УНЕСКО иако даде рок на Охрид и Македонија до февруари 2020 година да се справат со дивоградбите може , власта и  градоначалникот Константин Георгиевски не се откажува од советникот на ДУИ Нефи Усеини и неговите дивоградби. Усеини е очигледно под директна заштита на власта кога покрај очиглед на целата македонска јавност изгради дивоградба во заштитениот дел во старата охрдидска чаршија.

Според информации пласирани во јавноста, Усеини освен дивоградбата во заштитениот дел од градот, гради уште една, база за бетон на брегот на Охридското Езеро, во појасот за кој УНЕСКО вели дека се строго забранети градежни активности што го нарушуваат крајбрежјето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.