Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 мај, 2021 6:36

Добрила Кацарска e нов претседател на Уставниот суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Добрила Кацарска е новиот претседател на Уставниот суд.

Кацарска вчера беше избрана со тајно гласање и дво-третинско мнозинство на деветмината уставни судии.

Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат.

Нема право на реизбор.

Биографија на Добрила Кацарска

Родена е во 1957 година во Ресен. Диполомирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Скопје во 1982 година, а правосудниот испит го положила во февруари 1984 година.

Од 1982 до 1984 година работела како приправник во Општински суд Скопје 1 Скопје, од 1984 до 1986 година како стручен соработник во Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 1986 до 2005 година била судија во Основен суд Скопје 1 Скопје во Граѓански оддел-Парница.

Од 2005 до 2009 година била Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, а од 15.02.2009 година до 13.07.2009 година ВД Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Од 13.07.2009 година била распоредена во Кривичен Оддел – кривично полнолетни до 09.01.2018 година кога била распоредена во Одделението надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција.

Две години била одговорен судија во парничниот отсек; два мандати член на Управен одбор на Здружение на судии, при што еден мандат и Заменик претседател; од 2007 година била член на Дисциплинскиот совет на Нотарска комора, а од 2008 година била Заменик на претседателот на Дисциплинскиот совет на Нотарската комора; од септември 2008 година до месец јули 2009 година била Претседател на Советот за судска служба.

Во текот на 2006 година едукатор за новоизбрани претседатели и секретари на судови; Обучувач на обучувачи-напредно ниво на судските службеници на тема„ Управување со движење на предмети“; Панелист-презентер на Првата судска административна конференција на РМ; Панелист-презентер на тема „Ориентација на нови претседатели на судови“; Панелист на судската административна конференција на Македонија на тема „Меѓувладина соработка, развој на стратегии за признавање и почитување на меѓусебните улоги во демократско општество кое се раководи според владеењето на правото“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.