"Омилениот" министер на Заев сега мета на дневно политички малверзации на неговиот коалиционен партнер ДУИ од кои најголем проблем имаат граѓаните на Гостивар

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 9:36

Додека политичарите се караат дивоградби на секој чекор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дивоградбите во Гостивар се “решаваат” само преку политичко препукување.

Урбаниот хаос и дивоградбите во Гостивар градските власти засега ги решаваат преку политички препукувања. Од ДУИ партија која го предводи советот на општината го обвинија градоначалникот Арбен Таравари дека не презема ништи против бесправно изградените објекти напротив негови роднини како што посочија оттаму градат на диво на места предвидени за спорт и рекреација.

Арбен Таравари како министер за здравство и кадар од Алијанса за Албанците од страна на Заев беше јавно оценет како најдобриот министер во неговата влада при што порача дека ако не стане градоначалник по секоја цена ќе го врати во кабинетот.

Таравари призна дека тоа биле негови роднини но истите немаат никаква поврзаност со општината.

Им објави безкомпромисна борба на дивоградбите кои според него во доста голем број биле изградени во време на владеење на ДУИ во Гостивар

Граѓаните велат дека поради неконтролираната урбанизација и дивоградби и Гостивар се задуши, и стана еден од најзагадените градови во државата.

Сметаат дека конечно треба да се стави крај на оваа појава, и да се делува превентивно, но не и откако целосно ќе се изгради бесправниот објект.

Инаку досега општинската власт на Таравари има урнато само еден како што посочуваат оттаму дивоизграден ѕид, каде треба да се изгради локален пат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.