Денеска во изјава за медиумите директорката на болницата д-р Снежана Захариева потврди дека станува збор зa вработена во очно одделение и за медицинска сестра од хирургија кои втор пат се заболени од Ковид 19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јуни, 2020 16:47

ДОКТОРИТЕ ЗАПРЕПАСТЕНИ: Двајца вработени во кумановската болница по втор пат позитивни на Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Докторите од кумановската општа болница останаа во неверување отккао денеска беа потврдени два случаи на коронавирус кај нивни вработени кои веќе го прележале вирусот Ковид-19.

Денеска во изјава за медиумите директорката на болницата д-р Снежана Захариева потврди дека станува збор зa вработена во очно одделение и за медицинска сестра од хирургија кои втор пат се заболени од Ковид 19.

– Сето ова е непознаница за нас. Двете го прелажаа заболувањето претходно, изјави Захариева.

Директорката вели дека кај вработената од очното одделение бил потврден вирусот откако отишла да дарува плазма и при контрола и било соопштено дека е позитивна на коронавирусот.

– Во моментов добро се чуствува, има блага малаксаност, вели Захариева.

Како што истакна во изјавата за медиумите, медицинската сестра од хирургија била позитивна на Ковид-19 на почетокот на епидемијата, со лесна клиничка слика а сега пред околу две недели, се пожалила дека не се чувствува добро, биле направени иследувања, повторно имала симптоми, но сега е подобро.

– Не знаеме како се заразиле, немаат позитвна епидемиолошка анкета, вели Захариева.

Инаку уште од самиот почеток на пандемијата во кумановската болница имаше значителен број на заразен здравствен персонал.

Досега во земјата се направени вкупно 59.633  тестирања за Ковид 19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот…

Денешната состојба со бројот на заразени е иста како и претходно, одноано бројот не се намалува. Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 57
-Куманово 10
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 7
-Тетово 19
-Струга 3
-Велес 4
-Битола 1
-Охрид 5
-Кавадарци 1
-Гостивар 6
-Пробиштип 2
-Свети Николе 2
-Ресен 1

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:

-Скопје 42
-Штип 40
-Прилеп 1
-Тетово 16
-Велес 1
-Гостивар 5
-Кочани 2
-Пробиштип 3
-Свети Николе 2

Досега во земјата се направени вкупно 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести