Од Шекеринска бараме одговорност и оставка веднаш“ изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Владо Марин | 15 февруари, 2021 6:08

ДРАГАН КОВАЧКИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО поднесовме три кривични пријави, две против актуелниот министер за одбрана и едно против раководно лице во министерството за одбрана.

Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и да содржини од класифицирани документи искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција.

Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната.

Цениме дека ваквиот, во континуитет незаконски однос кон класифицираните информации од страна на актуелен министер за одбрана којшто е платен и по закон е обврзан да ги чува и штити класифицираните информации е неприфатлив и бараме од ОЈО веднаш да пристапи кон своите законски надлежности и да поведе постапка пред надлежен Суд.

Од Шекеринска бараме одговорност и оставка веднаш“ изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.