Стево, претседателе, што и да си, покровител си на маратонот, нели ти е срам да го уништуваш тоа што некој ти го оставил, а ти си требало само да го продолжиш?

Објавил: Данаил Михајловски | 18 август, 2022 5:47

Ковачки: Стево, претседателе, бандо предавничка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Добро бе бандо предавничка, а бе до толку ли сте забегани да го уништите и Oхридскиот пливачки маратон, реагира пратеникот Драган Ковачкипо веста дека годинава нема да не се одржи Охридскиот пливачки маратон зошто Националната пливачка федерација немала пари.

Стево, претседателе, што и да си, покровител си на маратонот, нели ти е срам да го уништуваш тоа што некој ти го оставил, а ти си требало само да го продолжиш? Значи никој не бара од тебе да измислуваш нешто ново, туку само да го продолжиш децениското наследство. Нели ти е срам да излезеш во јавност после ваков кикс? Па, јубилеј од 60 години требало да се прослави оваа година, ама тоа тебе и на твоите не ви е важно. Знаеш да одмараш во вилата во Охрид, ама пари за маратонот нема!

Како може да има пари за прослава на ДУИ која ништо не значи и на која се исвиркува македонскиот јазик, а да нема пари за охридскиот пливачки маратон?

Стево, свесен ли си колку си грешен? Македонија немала послаб претседател на држава! Македонија нема претседател на држава, стои во објавата на Ковачки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести