На Јахија, по наредба на шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му беше одреден притвор за земање мито и фаворизирање на италијанска компанија „Латанозио“. Според првичните наоди, висината на сумата, што тој ја земал изнесувала околу 40.000 евра.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 18:01

Државниот секретар на МИО кој се терети за мито од 40.000 евра пуштен од притвор

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Јахи Јахија денеска е пуштен од притвор, информира порталот Тетовасот.  Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација беше осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер.

На Јахија, по наредба на шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му беше одреден притвор за земање мито и фаворизирање на италијанска компанија „Латанозио“. Според првичните наоди, висината на сумата, што тој ја земал изнесувала околу 40.000 евра.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија формирано 2004 година, во 2007 прераснува во посебно обвинителство за постапување по предмети сврзани со организираниот криминал и корупцијата на ниво на цела територија на Република Северна Македонија.

Кој е Јахи Јахија?

Јахи Јахија стапува на функцијата државен секретар во министерството за информатичко општество и администрација во 2011 година. Од 2000 година работи во Агенцијата за администрација како советник за односи со јавноста и државен советник за координација и селекција на државните службеници. Тој исто така од 2011 е член на Управниот Одбор на ReSPA (Регионална Школа за Јавна Администрација), Црна Гора. Во 2014 станува претседател на Управниот Одбор на ReSPA. Од 2015 година е Член на Регионален Центар за Државна служба, Астана Казахстан. Г-дин Јахија има диплома за студиите по новинарство на Универзитетот во Тирана – Албанија. Во 2003 година станал Магистер на Политички науки на Oxford Brookes University во Оксфорд, Велика Британија. Во 2017 станува Кандидат за докторски науки од областа на Јавната администрација, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.