Според информации на портал на албански јазик, дел од раководството на ДУИ ноќеска итно заседавало пред можната објава на скандал за проневера на милионски суми евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 14:13

ДУИ по полноќ со таен состанок во Мала Речица

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Синоќа во два часот по полноќ се одржа итен состанок во седиштето во Мала Речица.

Информираат извори на порталот на албански јазик Лајм кои од ДУИ не ги потврдуваат но не ги ни негираат.

Според нив, причината за овој итен состанок е скандалот откриен со изградбата на албанскиот театар, каде што, наводно, биле украдени неколку милиони евра.

На средбата не беа поканети сите членови на претседателството, туку само најдоверливите лица на претседателот и неговата десна рака, кој е главниот осомничен во случајот на неколку милионската злоупотреба во албанскиот театар.

Десната рака на претседателот се заканил дека ако заврши во затвор, ќе ги каже имињата на другите инволвирани функционери, не исклучувајќи го ниту името на претседателот.

Во оваа финансиска злоупотреба е вклучена и потпретседателката.

За време на состанокот, во Речица, можеше да се забележи зголемено присуство на полициски сили, велат изворите за медиумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести