Пратеникот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ смета оти предвремени парламентарни избори оваа година не треба да има, бидејќи прво треба да се заокружи процесот за влез на земјата во НАТО. Следната година, вели тој, секако е изборна, но избори треба да има во декември. Тие избори би можеле, според него да се одржат порано, односно во втората половина на мај, јуни или во октомври. Овие месеци ги посочи поради евентуалното одржување попис во април и техничката Влада што треба да се формира сто дена пред предвремени избори.

Објавил: Весна Петровска | 10 јули, 2019 16:16

ДУИ сака предвремени избори наредната година

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

ДУИ смета дека треба да биде заокружен процесот за влез во НАТО и добивање на датум за преговори и потоа следната година да се оди на евентуални предвремени парламентарни избори, СДСМ останува посветена на евроатланската интеграција, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите помали опозициски партии од албанскиот блок би оделе веднаш на предвремени парламентарни избори.

Пратеникот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ смета оти предвремени парламентарни избори оваа година не треба да има, бидејќи прво треба да се заокружи процесот за влез на земјата во НАТО. Следната година, вели тој, секако е изборна, но избори треба да има во декември. Тие избори би можеле, според него да се одржат порано, односно во втората половина на мај, јуни или во октомври. Овие месеци ги посочи поради евентуалното одржување попис во април и техничката Влада што треба да се формира сто дена пред предвремени избори.

– Предвремени парламентарни избори не се тема помеѓу партиските лидери. Секако дека следната година е изборна година. Знаеме дека регуларните избори се во декември, но верувам дека во разговор со другите политички партии ќе има разбирање кампањата да се одвива малку порано, изборите да се одржат малку порано. Имајте предвид и дека согласно Законот за Влада ќе треба да имаме и техничка Влада сто дена пред избори, така што ако ги имате на ум сите овие рокови ќе видите дека оваа година впрочем не се можни предвремени парламентарни избори, а не се ни пожелни затоа што чекаме да го заокружиме процесот за зачленување во НАТО и да добиеме датум за членство во ЕУ, рече Груби.

Тој нагласи дека за ова е потребен договор на партиските лидери, но негира дека е конкретен предлог на ДУИ за тоа кога би можеле да се одржат предвремени избори, наведувајќи оти е „хипотетички одговор на хипотетичко прашање“.

ДУИ, според него, се апсолутно спремни на тој предизвик и дека во новата Влада во која би биле прв приоритет ќе биде справување со селективната правда во земјата.

Пратеникот Костадин Костадинов, кој воедно е и портпарол на СДСМ, го повтори ставот на владејачката партија дека останува посветена на реформите, влезот во НАТО и добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.

За барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов рече дека нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и за време на претседателските избори повикувал на предвремени избори, а молел Бога да не ги добие, и се соочи со изборен пораз.

– Ви тврдам дека на кои било идни избори се што може да очекуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е пораз, рече Костадинов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.