Таа вели дека одредени пациенти имаат само покачена телесна температура и губење на чувството за вкус и мирис.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2020 19:50

Д-р Блажевска: Секоја покачена температура не е корона- не постои „магичен“ лек за нејзино лекување

Фото/Текст извор: ©24 инфо

Во изјава за 24инфо, доктор Татјана Блажевска, чија амбуланта постои повеке од 23 години потсетува дека првите симптоми кои што се јавуваат кај пациентите заразени со коронавирус се покачена телесна температура до 39C,општа слабост,малаксалост,изнемоштеност,болку во грлото,кај некои има и кашлица.

Таа вели дека одредени пациенти имаат само покачена телесна температура и губење на чувството за вкус и мирис.

Секогаш кога постои покачена температура над 37.5 треба телефонски да се консултира матичен лекар за да може лекарот да закаже преглед и да ги превземе сите понатамошни чекори во лекувањето на пациентот.Секоја покачена температура не е корона и затоа пациентот треба да се јави  телефонски кај матичен лекар. Матичниот лекар најдобро си го познава пациентот и најдобро може да процени што да превземе понатака. Од почетокот на пандемијата , кај нас не постои посебен протокол како ние како матични лекари да работиме,па поради тоа ние самите си ја организираме работата во нашите амбуланти. Најчесто прегледите се вршат по предходна телефонска консултација или најава по телефон,се советуваат без поголема причина да не доагаат во амбуланта .Тоа не значи дека матичниот лекар ‘ги откачува пациентите”,туку тоа е така поради тоа да се избегнат дирекни контакти помегу пациентите и да не се прават гужви во амбулантите.Ние како тим лекар+сестра користиме целосна заштитна опрема(која сами си ја набавуваме) и после секој преглед просторијата и површините се дезинфицираат.Кога се работи за итен пациент тој веднаш се прима на преглед и се преземаат сите мерки за наша и негова заштита.Бидејќи оваа состојба со корона долго трае,пациентите веќе го губат трпението  па се повеќе се вознемирени,напнати,нервозни.Ние сме секогаш тука да ги сослушаме и разговараме со нив и да најдеме решение заеднички.Јас верувам дека сите мои колеги го даваат својот максимум како знаат и умеат за да им помогнат на своите пациенти оти матичниот лекар најдобро си го познава пациентот и знае на кој начин да му пристапи и да му помогне – вели докторката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести