Од министерството за правда велат дека барањето на Србија во понеделник ќе биде доставено до судот кој што ќе го води случајот. Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај, зборуваше за екстрадицијата на Морина ексклузивно во интервју за ТВ21.

Објавил: Весна Петровска | 2 август, 2019 17:42

Евентуална екстрадиција може да ги наруши меѓудржавните односи -АМБАСАДОТОТ НА КОСОВО ЗА МОРИНА

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Република Србија и официјално поднесе барање за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, кој беше уапсен минатата недела на граничниот премин Блаце.

Од министерството за правда велат дека барањето на Србија во понеделник ќе биде доставено до судот кој што ќе го води случајот. Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај, зборуваше за екстрадицијата на Морина ексклузивно во интервју за ТВ21.

Дедај за ТВ21- Евентуална екстрадиција може да ги наруши меѓудржавните односи

Тој истакна дека до екстрадицијата не треба да дојде бидејќи, како што рече, тоа може да доведе до раскинување на меѓудржавните односи меѓу Косово и Македонија.

-Сепак, мислам дека неговата екстрадиција е целосно против човековите права, таа е нелегална, неприфатлива и не треба да се случи, бидејќи евентуална екстрадиција веќе не е на штета на личната судбина на Томор Морина. Туку, може да има последици и за меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. И, не би сакале вакви случаи да влијаат на евентуалното расипување на односите, за што ние како Косово воопшто не сме заинтересирани, рече Ѓерѓ Дедај, амбасадор на Република Косово, за ТВ21.

Во средата Јетлир Зиберај, советникот на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, тврди дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина не може да биде екстрадиран во Србија.

Тој на својот Фејсбук профил напишал дека има блиска соработка со властите во Северна Македонија за забрзување на процедурата за ослободување на Морина, кој неодамна е уапсен во земјава.

– Да бидам јасен: Не постои шанса поранешниот борец за слобода Томор Морина да биде екстрадиран во Србија. Ние имаме блиска соработка со властите во Северна Македонија преку дипломатски и институционални канали, со цел постапката да се спроведе побрзо и Тимор да се врати кај своето семејство, напиша Зиберај.

Зиберај: Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Морина е приведен на македонско-косовската граница врз основа на потерница од Интерпол, а поради извршени злосторства врз цивилно население за време на војната во Косово во 1999 година. Властите во Северна Македонија му одредија едномесечен притвор поради можност за бегство, а негово итно ослободување побараа косовскиот амбасадор во Скопје, Ѓерѓ Дедај, лидерот на косовското Движење Самоопределување, Албин Курти и вицепремиерот за европски прашања во Владата на Република Северна Македонија, Бујар Османи

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.