30 дена хаос, Заев и Спасовски мислат, но не се сигурни како избегал Груевски, Дескоска упорно бара екстрадиција, ОЈО сеуште истражува, СЈО бара притвори, јавноста чека оставки

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 13:34

Еден месец бегство на Груевски, Заев и Спасовски “ќе дуваат свеќички”?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонскиот политички азилант во Унгарија од политичкиот прогон на актуелниот режим на владеење, поранешниот премиер Никола Груевски еден месец е во бегство.

Судскиот курир минатиот месец, поточно на 9 ноември трипати се обиде, но не можеше да го пронајде Груевски на адресата од неговата лична карта. На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, 48 годишниот Груевски е последниот кој државата огласила дека бара со меѓународна потерница.

Македонија еден месец не знае како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека е познато само оти Груевски не избегал легално преку граничните премини и по воздушен пат.

Албанската полиција потврди дека Груевски на 11 ноември во 19 часот и 11 минути ја напуштил нивната територија преку граничниот премин со Црна Гора, Хани и Хотит – Божај  како патник во возило на унгарската амбасада во Тирана. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, пак, соопшти дека Груевски истиот ден влегол во Црна Гора и излегол од таа држава.

Министерката за правда, Рената Дескоска потврди дека немаат нови сознанија и информации за екстрадицијата на поранешниот премиер во Македонија.

Предистражната постапка во Обвинителството за организиран криминал и коурпција е во тек, но нема нови детали за анализата на доказите. Издадени се наредби за прибирање документација, се прегледуваат снимките од видеокамерите од граничните премини и од крстосниците на улиците, како и известувања од институциите, а побарана е и меѓународна правна помош.

Внатрешната истрага во полицијата која е во тек, треба да утврди дали биле вклучени полициски службеници и надворешни лица во бегството на поранешниот премиер.

Последната објава на социјалните мрежи на Груевски е од 20 ноември, кога објави дека добил азил од Унгарија.

Во меѓувреме, СЈО побара и доби притвор од судот за Груевски за сите случаи што ги води. Од Вроховниот суд потврдија дека предметот за набавката на „мерцедесот“, се уште не стигнал кај нив на одлучување, поточно доцни скромни 40 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.