Од Комисијата за заразни болести, велат дека претставниците од МОН дошле со конкретни предлози, но се уште е рано за да се каже како ќе биде организирана наставата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јули, 2020 13:56

Една недела во училиште, една недела онлајн- се бара модел за почетокот на учебната година!

Фото/Текст извор: ©Фактор.мк

Се бара модел по кој најбезбедно ќе почне новата учебна година. На нешто повеќе од еден месец надлежните почнаа да кројат планови и да бараат решенија како децата ќе продолжат во училиште.

Од Комисијата за заразни болести велат дека во ниту еден случај децата не смеат целосно да останат дома и од 1.септември наставата да продолжи како што беше второто полугодие. Вчера се одржа првиот состанок со претставници од Министертсвото за образование и наука, но без министерот Арбер Адеми, кој во моментов е се уште во изолација, бидејќи е позитивен на корона вирусот, пишува „Фактор“.

Од Комисијата за заразни болести, велат дека претставниците од МОН дошле со конкретни предлози, но се уште е рано за да се каже како ќе биде организирана наставата.

Не смее да ни се случи основците и средношколците и од септември да останат дома. Секаде во светот наставата се организира некако. Претставниците кои вчера присуствуваа на состанокот имаа некои предлози, во смисла оние училишта кои бројат многу деца, а тоа се во Скопје, Куманово и во Тетово, наставата да биде организирана така што децата би биле поделени во групи. Наизменично да се следи наставата една недела во училиште, една недела онлајн, а часовите да траат по 30 минути. Ова секако нема да важи за сите училишта подеднакво. Во некои училишта во земјава има само по десеттина деца. Таму единствено што ќе треба е да се почитуваат општите мерки и протоколи, односно дезинфекција на клупите, просториите, тоалетите, и така натаму, како и задолжително носење маска и одржување растојание. Што значи дека ќе може да се обезбеди непречено физичко присуство во училиштата. Онлај настава е многу потешко да се организира на целата територија на земјава, бидејќи дел од луѓето во некои села немаат ниту компјутери, ниту интернет – велат членови на Комисијата за заразни болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести