четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Како што пренесе порталот Ангеловска во МВР има досие со број 0104729/18, а во историјатот на кривични дела стои дека на 22.03.2018, таа сторила дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“, по кое и била поднесена кривична пријава. Останува непознато дали од ОЈО го процесуирале случајот и дали е осудена од судските органи и пресудиле за делото.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2019 11:26

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ НА ЛИДЕР: Нина Групер во МВР е заведена како сторител на кривични дела!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нина Ангеловска која е предложена за прва жена на чело на Министерството за финансии, во електронскиот систем на Министерството за внатрешни работи е заведена како сторител на кривични дела врз кој била поднесена кривична пријава – покажува документот кој до „Економски Лидер“ го достави свиркач од полицијата.

Документ на Економски Лидер…

Како што пренесе порталот Ангеловска во МВР има досие со број 0104729/18, а во историјатот на кривични дела стои дека на 22.03.2018, таа сторила дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“, по кое и била поднесена кривична пријава. Останува непознато дали од ОЈО го процесуирале случајот и дали е осудена од судските органи и пресудиле за делото.

Инаку Нина доаѓа од приватниот сектор и седнува на министерското столче со големи предизвици. Нејзиното име е вброено на листата 100 жени основачи на стартапи во Европа. Таа е  еден од родителите на Групер. 

После номинацијата од премиерот Заев, идната министерка се огласи и на фејсбук

По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска.

Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина.

Целиот текст прочитајте го на Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.