Државната комисија за спречување на корупција ќе го испитува случајот со министерката за финасии Нина Ангеловска, односно дали таа ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка во моментот кога ги повлекла своите пари од банката.

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2020 18:05

ДКСК: Оформивме предмет за министерката Ангеловска за повлекување на пари од Еуростандард банка

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска информира дека отвориле предмет за тоа дали министерката за финансии Нина Ангеловска знаела за пропаѓањето на Еуростандард банка, па ги повлекла сопствените средства.

Државната комисија за спречување на корупција ќе го испитува случајот со министерката за финасии Нина Ангеловска, односно дали таа ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка во моментот кога ги повлекла своите пари од банката.

„По сите случувања на кои бевме сведоци изминатата недела, Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за да го истражи случајот поврзан со министерката за финансии Нина Ангеловска, дали таа ја злоупотребила службената должност и располагала со информации претходно или не, во периодот кога ги повлекла своите пари од Еуростандард банка АД Скопје.”, изјави претседателот на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ангелоска изјави дека средствата ги повлекувала уште од минатата година и не ги префрлала во други банки, туку ги користела за други инвестиции.

„Би сакала уште еднаш да ѝ ги соопштам на јавноста фактите и воедно да ги демантирам сите неточни информации кои тенденциозно се пласираат. Не е точна ни сумата која се наведува во текстовите – уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во Еуростандард банка.”, изјави министерката Ангеловска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести