Деа наскоро се враќа на малите екрани на ТВ ПИНК.

Објавил: admin@magazin | 2 април, 2019 19:07

ЕКСКЛУЗИВНО: Деа се враќа на малите екрани на ТВ ПИНК !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ ПИНК, денеска ја посети водителката Деа Ѓурѓевиќ во болница, каде водителката се лечи после тешката сообраќајна несреќа.

Сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, денеска во болницата ја посети водителката Деа Ѓурѓевиќ, и со го најави нејзиното враќање на малите екрани.

„Мојата Деица е се подобра и подобра, наскоро се враќа на работното место. Едвај ја убедив да не доаѓа во сабота на ТВ Пинк. Љубов наша„ напиша Жељко Митровиќ на фотографијата која е објави на Твитер.

Како што најави Митровиќ, веруваме дека таа наскоро ќе се појави пред малите екрани. Како што пишуваат српските медиуми водителката успешно се опоравува од операцијата.

Деа итно била пренесена на ВМА, а откинатата рака докторите ѝ ја “ставиле на мраз” и на сите начини се обидуваат да ја спасат за да не остане без неа.

Деа имаше тешка сообраќајна несреќа во близина на болницата “Dr. Dragiša Mišović” кога дојде до судир на два автобуси и три автомобили.

До несреќата дошло така што Деа имала полесен судир со друг автомобил, а во моментот кога излегла од автомобилот за да се договори со другиот возач што да прават на неа налетал автобус кој ѝ ја откинал раката.

Иако според првичните информации се смета дека докторите ѝ ја ампутирале раката на местото на несреќата, тоа не се случило. Имено, водителката останала без рака кога ја удрил автобусот, пренесува Телеграф.рс. 

Деа итно била пренесена на ВМА, а откинатата рака докторите ѝ ја “ставиле на мраз” и на сите начини се обидуваат да ја спасат за да не остане без неа.

“Се слушнав со неа, сè уште не сме се виделе. Навистина морам да кажам дека полицијата одлично ја заврши работата, дека докторите го прават истото и се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред. Деа беше пренесена на ВМА од Брзата помош”, рекол Младен Мијатовиќ за Блиц.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.