Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски .

Објавил: Македонка Димкин | 27 јуни, 2019 11:58

Екстрадицијата на Груевски само пуста желба на Заев – Груевски останува во Унгарија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски .

Како образложение било дадено дека условите од екстрадицијата не биле исполнети, пренесуваат дел од унгарските медиуми.  Неофицијално Груевски веќе не е се лисици на рацете и се очекува набрзо да го напушти судот.

Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски .

Денеска во Будимпешта се одлучуваше за екстрадицијата на бившиот премиер Никола Груевски. Унгарските медиуми објавија и фотографии.

Новинарите најмногу ги привлече изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту еднаш додека седел во судница.

Како што известуваат унгарските медиуми, рочиштето е затворено за медиуми, а деталите ќе се дознаат веднаш по завршувањето.

Република Македонија бараше екстрадиција на Ггруевски за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните во Собранието од 27 април.

Груевски на фотографиите кои ги објави А1 он е со црно капче и очилата „мајбах’. Никола Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.