Премиерот Заев вели дека не ги слушнал објавените разговори и не знае дали се дел од бомбите кои ги поседувал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 мај, 2019 20:42

ЕЛ ЧЕКА ГО ТРЕСЕ ДУИ: Меѓународна истрага за “Диво Насеље„ или следуваат пострашни “БОМБИ”

Фото/Текст извор: ©сител

Телефонскиот разговор меѓу Али Ахмети и екс министерот Муса Џафери во кој двајцата наводно договараат вработувања во Секретаријатот за Рамковен во владата е 14-ти по ред разговор кој осамна на овој фејсбук профил.

Претходно беше објавен разговор меѓу поранешните министри за внатрешни и правда во кој Јанкулоска и Беџети разговараат за екстрадиција на осуденик од Косово а се споменува и случајот „Монструм“. Од МВР и Јавното обвинителство велат дека е познат идентитетот на објавувачот на прислушуваните разговори и се бара меѓународна помош за негово пронаоѓање.

„Нашиот сектор за компјутерски криминал работи. Ние вчера информиравме дека е дететктирано лицето кое што ги објавува и врз основа на постапките во јавното обвинителство преку меѓународна правна помош и полициска соработка се водат постапки за справување со оваа постапка“, вели Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Премиерот Заев вели дека не ги слушнал објавените разговори и не знае дали се дел од бомбите кои ги поседувал. Верува дека случајот ќе се расфетли со законот за СЈО кој го регулира објавувањето на снимените материјали.

„Не знам кога имаат излезено, треба да ги слушнам да знам дали е тоа нешто од објавените материјали, дали се некои нови материјали за да можам да коментирам. Добро е денеска што има закони за оваа работа. Се знае и Јас очекувам институциите да постапат заради тоа што финиширањето на пржинската влада и договарањето беше и правна регулација токму на неовластеното пуштање во промет“, изјава Зоран Заев, Премиер.

И додека се зголемува бројот на објавени бомби, блокирани остануваат преговорите за статусот на СЈО кое ја има надлежноста врз снимените разговори. Премиерот Заев обвини дека ВМРО-ДПМНЕ има нови барања кои се неприфатливи за власта.

Од опозицијата негираат дека имаат нови барања. Освен понудените 60-тина амандамани, побарано е првиот човек на специјалното обвинителство да имал солиден успех за време на студиите.
Од специјалното јавно обвинителство, за Сител велат дека ги анализираат објавените разговори на фејсбук преку профилот на Ел Чека.
Продолжи објавувањето на т.н бомби на фејсбук.

На профилот на Ел Чека, денеска се појави телефонски разговор меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и екс министерот Муса Џафери во кој наводно зборуваат за поделба на работни места во секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...