Според информациите во медиумите дождот им дал малку одмор на пожарникарите во овие делови на континeнтот пред новиот жежок бран кој се очекува кон крајот на оваа недела.

Објавил: Весна Петровска | 6 јануари, 2020 11:18

ЕМОТИВНО ВИДЕО: Заврна во Австралија – пожарникарите СЛАВАТ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Убави вести од Австралија конечно заврна дожд, а пожарникарите славеа.

На социјалните мрежи се прошири видео според кое во јужните делови на Австралија вчера започнало да врне дожд.

Според информациите во медиумите дождот им дал малку одмор на пожарникарите во овие делови на континeнтот пред новиот жежок бран кој се очекува кон крајот на оваа недела.

Пожарникарите на видеото слават за дарот од небото кој им овозможи да здивнат во борбата со огнената стихија.

За потсетување, неколку стотици шумски пожари беснеаа во Австралија.

Повеќе од 30.000 луѓе беа евакуирани од туристичка област во државата Викторија на југоистокот на Австралија во неделата.

Деновиве во тие делови на Австралија имаше повеќе од 40 Целзиусови степени, како и грмежи со голем ветер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.