Иако Џошуа важеше за голем фаворит против предизвикувачот од Украина, сепак во рингот ситуацијата беше поинаква, а Украинецот од старт влезе агресивно во мечот и после 12 рунди, едногласно судиите пресудија дека победник е Усик.

Објавил: Перо Милчин | 26 септември, 2021 0:50

Ентони Џошуа падна на колена: Олександер Усик е нов светски боксерски шампион

Фото/Текст извор: ©спорт 1/магазин.мк

Олександер Усик (34) е нов светски првак во тешка категорија откако вечерва сензационално го победи досегашниот носител на четири титули Ентони Џошуа пред 70 илјади гледачи на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон.

Иако Џошуа важеше за голем фаворит против предизвикувачот од Украина, сепак во рингот ситуацијата беше поинаква, а Украинецот од старт влезе агресивно во мечот и после 12 рунди, едногласно судиите пресудија дека победник е Усик, пишува Спорт 1.

Украинецот сега ги презема титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите, а инаку ова беше борба на поранешните олимписки шампиони од Лондон во 2012 година, каде Џошуа освои злато во супертешка, а Усик во тешка категорија.

Последната победа на Џошуа беше против Бугарот Кубрат Пулев, а сега има 24 победи од кои 22 со нокаут и сега првпат загуби и тоа од засега непогледливиот Украинец кој стигна до 19-та победа од кои 13 со нокаут.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.