Во другите земји, бројот на украински бегалци не надминува 100.000, а вкупно 4.725.612 бегалци од Украина се вклучени во привремените национални програми за заштита и поддршка.

Објавил: Мате Парлоф | 17 ноември, 2022 6:57

Во Европа пристигнале приближно осум милиони бегалци од Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од 24 февруари, кога започна воената операција на Русија во Украина, до 15 ноември, во европските земји пристигнале вкупно 7.841.359 украински бегалци, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Најмногу бегалци прими Русија (2.852.395), потоа Полска (1.497.849), Германија (1.019.789), Чешка (460.415), Италија (173.231), Шпанија (153.054), Бугарија (145.560), Турција (145.000). Британија (143.100), Франција (118.994) и Словачка (100.783.

Во другите земји, бројот на украински бегалци не надминува 100.000, а вкупно 4.725.612 бегалци од Украина се вклучени во привремените национални програми за заштита и поддршка.

Во извештајот на УНХЦР се наведува дека д о 24 февруари, 15.354.147 луѓе ја напуштиле Украина, а 7.747.450 се вратиле во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести