Убав наслов произлегува само од издржана содржина

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 јули, 2018 12:41

ЕУ не гради бегалски кампови – таа [ќе] плаќа да ги градиме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По одржаната средба на министерот за внатрешни работи на Република Македонија – Оливер Спасовски со Европскиот комесар за миграции – внатрешни работи и граѓанство – Димитрис Аврамопулос во Брисел на прес конференцијата беа искажани зборови за реализираните разговори и постигнатите договори. И никаде не стана збор за тоа дали ЕУ ќе или нема да гради бегалски кампови во Македонија – впрочем ЕУ не гради – таа ако ги има само ќе плати за ние да ги изградиме.

Имено Спасовски и Аврамопулос имаа средба на која е постигнат Договор за статус меѓу ЕУ и Република Македонија за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Македонија кој како што и Спасовски истакна се однесува на заеднички акции насочени кон спречување на илегалната миграција и прекуграничниот криминал. Но мигрантите не се илегална миграција а ни прекуграничен криминал.

Евро комесарот беше прагматичен па изјави дека договор ќе овозможи целосно искористување на сите потенцијали на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража а во насока на брзо реагирање при евентуалните миграциски предизвици и заштита на нашите заеднички граници. Што во основа е констатација на моменталната ситуација со кризата со можниот бегалски бран кој официјално е под контрола иако низ Македонија има нелегални движења на мигранти по ова прашање.

Изградбата или не на бегалски кампови во Македонија со ЕУ пари е наслов за кој од оваа прес конференција не произлезе квалитетна содржина иако изградбата на бегалски кампови веќе подолго време е тема за дилема помеѓу власта и опозицијата. И сегашната и онаа пред декември 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.